СДСМ прашува: Дали за Мицкоски и Вучиќ е корумпиран?
Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија којшто е реализиран од страна на истиот конзорциум ‘Бехтел – Енка’ како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот? Дали смета дека договорот е криминален – прашуваат во писмената реакција од СДСМ
Дали Мицкоски смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ е корумпиран од страна на „Бехтел и Енка”, САД и Турција – прашуваат од СДСМ во новата епизода реплики со опозицијата на тема – договор за изградба на четири автопатски делници со американско-турскиот конзорциум.
„Христијан Мицкоски води хајка против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10-Д, од страна на конзорциум ‘Бехтел – Енка’, кој во соседна Србија гради патишта врз основа на истиот договор како кај нас. Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија којшто е реализиран од страна на истиот конзорциум ‘Бехтел – Енка’ како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот? Дали смета дека договорот е криминален? Дали, според Мицкоски, Вучиќ згрешил”реагираат од владејачката партија
Од СДСМ уште прашуваат и дали Мицкоски знае колку часови работат српските граѓани на автопатиштата во Србија, дали опозицијата во Србија ги блокира законите и дали Мицкоски „за време на неговите чести и интересни патувања во Белград како и средби со Вучиќ, меѓу другите активности во Белград, му ги кажал овие негови ставови и сомнежи”.
Настанот на кој реферира СДСМ е отворањето на Моравскиот коридор, поточно на делница од 17 километри, кој го гради „Бехтел и Енка”. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерката Ана Брнабиќ вчера ја поминаа делницата во отворен автобус, пред свечената манифестација.
Вчера и првиот вицепремиер, министер за политички систем и координатор за следење на работите на повеќе патни правци во земјава, Артан Груби, ја искористи соседна Србија за да го брани договорот со „Бехтел и Енка“. На својот фејсбук-профил тој објави подолг став кој почнува со објаснување дека и Србија има ист договор како земјава со американско-турскиот конзорциум.
„Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата ‘Бехтел – Енка’ гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот“напиша Груби на својот фејсбук-профил.
Артан Груби се угледа и на Србија за да го брани договорот со „Бехтел и Енка“