Вучиќ-Имаме доказ дека Коста масакрот го гледал и го направил како да го пресликал од наш спот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за масакрот во основното училиште во Белград, најави дека утре во јавноста ќе покаже опасен видеоспот што го гледал 13-годишниот Коста К., кој во средата уби девет лица – чуварот и осум ученици.
Станува збор за видео кое е достапно на социјалните мрежи а малиот имаме докази дека го гледал пред злочинот.
И не е само на Тик-ток, вели тој додавајќи дека видеото кое ќе го презентира е објавено е на Јутјуб.
„Направено е како игра, спот. Во нашата земја е направено. Ова мало момче (Коста К.) тоа го следело, имаме доказ, како со индиго да го пресликал тоа што го направи. И сега ние да ги обвиниме момчињата (кои го направиле видеото) дека се виновни за ова? Дали тоа што го направиле било неодговорно? Да, но за да докажете дека се виновни за убиството мора да покажете директна врска, дека убиецот токму поради тоа и само поради тоа го направил тоа, што е невозможно“,вели Вучиќ.
Според него, нападите кон телевизиите кои емитуваат „реални шоуа“ што деновиве се постојана мета на критики, според Вучиќ се поради политички причини. Тој смета дека децата не гледаат телевизија, но сепак нагласува дека како власт се подготвени да разговараат и на тема за телевизиските содржини.






