(ВИДЕО) Кршат прозори, пијат од лустери: Нови снимки од дивеењето на студентите во Охрид
На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот кои во Охрид учествувале на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“, пренесува 24сата.хр.
„Тоа беше вистински крш. Сите дојдовме овде да се опуштиме, а некои малку ја преминаа границата, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа се и се фалат со тоа на мрежите“ изјавил студент кој учествувал на „Дифовијадата“.
На новата снимка може да се види како студентите фрлаат рамка од прозор низ прозор, како пијат од лустер наместо од чаша…
Менаџерот на хотелот во изјава за хрватскиот портал, како виновници ги посочил загрепските студенти за кои рекол дека биле агресивни.
Претставникот на студентите од Кинезиолошкиот факултет од Загреб ги отфрли обвинувањата.