Чии „анонимуси“ ја хакираа страницата на ДИК? Полицијата ќе отвори истрага

За хакерскиот напад не се знае ништо, а уште помалку каде води трагата, односно дали бил извршен од земјава или од странство. Кој и зошто синоќа изведе хакерски напад врз веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) и на агрегатот за вести Тајм.мк, засега е тајна. Упатените велат дека хакер-единка не може да го изведе тоа дело. За таков упад потребна е најсофистицирана опрема, хакерски знаења и вештини, а пред сè технички програми во неколку (серија) компјутери за да се урне и да се одржува крахиран системот кој е таргетиран. Што всушност се случи вчера? Нешто после 20.30 час поединец или група хакери го нападнала сајтот на ДИК. Нападот им оневозможи на партиите, медиумите и на граѓаните да бидат во тек со изборните резултати. Упадот траеше со часови, а „падни-стани“ системот на страната на ДИК продолжи и 10 часа од почетокот на нападот. Буквално за хакерскиот напад не се знае ништо, а уште помалку каде води трагата, односно дали бил извршен од земјава или од странство. Според едни соговорници, зад нападот стојат ентузијасти кои во темниот свет на интернетот сакаат да се прослават со овој „успех“, додека според други, зад нападите стои некој кој бил „дебело“ платен да го изведе синхронизираниот упад во ДИК и Тиме.мк. Засега се знае дека хакерот/хакерите успеале многу лесно и за многу брзо време да го „урнат“ целиот веб-сајт на ДИК, а притоа да им направат големи главоболки на нивните ИТ-техничари да го рефрешираат сајтот. Доцна во ноќта, сајтот беше повратен, но системот за следење на изборите беше оневозможен. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за проблемот со веб страницата рече дека најверојатно се работи за обид за надворешен напад и дека тоа не предизвикало никаква реална штета. Прочитајте и… Ѓорчев во негов стил: Победа во Љубанци, Лешок и Мустафино – Од она што сум информиран, веројатно се работи за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ експерт, ниту можам да ви тврдам или кажам нешто, меѓутоа додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации, ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Не е оневозможено собирањето на податоците и електронскиот внес и ние имаме информации на време, би рекол – рече Дерковски.

Целиот текст на Слободен печат.мк

 

 

Back to top button
Close