Почна уредувањето на нова планинска велосипедска патека на Водно

 Како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна почна уредувањето на нова планинска велосипедска патека на Водно за развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам.

Новата планинска велосипедска патека, како што соопштија денеска од Град Скопје, е со вкупна должина од 3.432 метри и ќе се протега од полициската станица па се до Средно Водно.

-Патеката е со променлива широчина, најмногу до 3 метри, и ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите, информираат градските власти.

Како што посочуваат, патеката ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува прирoдното опкружување, а при нејзината изградба нема да се оштетат или сечат околните дрвја. Се очекува истата да биде целосно готова за околу еден месец.

Проектот за уредување на оваа планинска вело патека се реализира во соработка и е кофинансиран од страна на Советот за регионална соработка.

Back to top button
Close