Туристичка кампања за промоција на грчките островите погодени од мигрантските и бегалските бранови
Зајакнување на сликата на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза е целта на туристичката кампања на Грчката туристичка организација, а финансиски поддржана од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Кампањата за промоција на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, како во внатрешноста на земјата, така и во странство, а во висина од два милиони евра, ја испраќа пораката дека секој остров е посебен, со своја уникатна приказна.
– Лезбос се поврзува со традицијата, Хиос со истражувањето, Самос со природата и светлината, Кос со историјата, а Лерос со бескрајното синило, соопштуваат од министерствата за туризам и за миграција и азил во врска на новата кампања.