Обиди за измама на апликантите од програмата за Самовработување со цел изнуда

 

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) информираат дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.

Имено, до Агенцијата за вработување се обратија странки кои известија дека ги контактирало непознато лице од непознат телефонски број, кое им барало извесна сума (процент од грантот), со ветување дека со сигурност ќе им бидат доделени финасиските средства.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) се оградуваат од овие постапки и ги охрабруваат странките за вакви и слични случаи веднаш да ја известат Агенцијата за вработување.

Овој случај е веќе пријавен и пред надлежните органи.

Агенција за вработување на РСМ

 

Back to top button
Close