Утре,во недела и понеделник бесплатни патaрини во Грција. Частат поради парламентарните избори

Рампите ќе бидат подигнати на наплатните рампи, а поминувањето ќе биде бесплатно за автомобилите со грчки регистарски таблички како и за сите останати.

Според грчките медиуми, поради парламентарните избори во Грција, патарините ќе бидат бесплатни во следните три дена, поточно во сабота на 24, недела на 25 и понеделник на 26 јуни.

Рампите ќе бидат подигнати на наплатните рампи, а поминувањето ќе биде бесплатно за автомобилите со грчки регистарски таблички како и за сите останати

Секако, истото важи и за сите транспортни средства. Целта на грчките власти е додека се одржуваат парламентарните избори сообраќајот на патиштата да се одвива побрзо.

Според грчките закони, луѓето гласаат во местото каде што се родени и поради оваа причина патиштата се полни со возила. Друг важен факт е дека викендов е смена на туристи, што дополнително ќе создаде гужви.

 

Back to top button
Close