Епископ Јаков Стобиски кани на протест за “чудовиштето” да не излегло од Пандорината кутија

Ние родот како атрибут на полот не го одвојуваме од полот и ако има два пола, има два рода, вели епископoт Јаков Стобиски на денешната прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија по повод закажаниот протест во четврток пред Соборниот храм во Скопје.

За предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција, Стобиски вели дека „ни носат еден конструкт чудовишен и можност за отворање на Пандорината кутија“.

-Секој ден да излегуваат разни родови и секој да биде тоа што посакува. Тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме во демократското општество. Процесот на градење на законите мора да зрее и да се обликува со менталниот склоп и подготвеноста на народот и заедницата. Да не се обидува никој овој импулс и бунтовен рефлекс да го спинува и да се става во поинаков контекст. Ние сме мала земја и знаеме дека оваа не е наша реалност и не сакаме да биде, истакна епископот на брифингот со новинарите.

Повеќе

Back to top button
Close