Клучната улога на дедото на Коста К – Ѝ помага на ќерка си Миљана Кецмановиќ во обидот да побегне од Србија

Родителите на Коста Кецмановиќ (13), кој на 3 мај уби девет ученици и чуварот на ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, според одлуката на судот, не можат да продадат милионски имот за да избегаат од Србија.

Но, на помош им дошол дедото детето-убиец. Како што пренесува српска Република, дедото на Коста по мајка, вратил на свое име два стана во Белград, кои претходно ги наменил за ќерката и внуците и ги огласил тие имоти на продажба. Се сомневаат дека сите пари од продажбата дедото ќе ѝ ги даде на својата ќерка за да ѝ обезбеди нов живот далеку од Србија.

Добро упатен извор прецизира дека Вишиот суд во Белград забранил продажба на недвижен имот на родителите на Коста, Владимир и Миљана Кецмановиќ, откако роднините на жртвите поднеле барање за обештетување и очекуваат исплата од тој имот.

– Според одлуката на Вишиот суд во Белград, родителите на Коста можат слободно да располагаат со својот имот, но не можат да го продадат ниту да го стават под хипотека. Владимир поседува стан во Врачар, дел од комерцијален простор и автомобил, додека Миљана има три стана во центарот на Белград и сите овие имоти, вредни неколку милиони евра, не можат да се продадат до тужбите на семејствата на жртвите од масакрот – објаснил извор за.Информер.

Таткото на Миљана, за да и обезбеди пари за нов живот во странство им излегол на помош. Имено, семејството располага со два стана кои пред масакрот дедото им ги препишал на внуците – Коста и на помалата сестра ( додека Миљана се стекнала со правото на плодоуживање на тој имот до полнолетство на нејзините деца). Тоа практично значи дека таа слободно располагала со становите на нејзиниот татко, но не смеела да ги продава бидејќи крајни наследници биле нејзината ќерка и синот Коста. Затоа таткото на Миљана неодамна го раскинал договорот со ќерката, со што станал повторно сопственик на становите и сега може слободно да ги продава. Недвижноста е веќе објавена на продажба и, најверојатно, парите ќе и ги даде на ќерка си Миљана за што поскоро да ја напушти Србија, за да може со ќерката да започне нов живот во друга земја и на крајот, и евентуално со сопругот Владимир кога ќе излезе од притвор.

Владимир е обвинет за тешко дело против општата безбедност, но обвинението против него се уште не е потврдено. Дополнително, против Владимир и Миљана е поведена прелиминарна истрага за да се утврди дали го занемариле или злоставувале Коста. Во меѓувреме, родителите на жртвите покренаа постапка против родителите на Коста, поради што на Милајна и беше наредено секогаш да им биде на располагање на истражните органи. Затоа минатата недела таа беше вратена од границите на Северна Македонија и не и е дозволено да ја напушти земјата.

Back to top button
Close