Шолц не гарантирал туку имало грешки во преводот, тврди Ковачки
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки смета дека вчерашната изјава на германскиот канцелар Олаф Шолц била погрешно пренесена во медиумите. Според Ковачки, Шолц изразил свое мислење дека Бугарија не треба да ѝ поставува нови услови на Македонија, но не гарантирал дека такво нешто нема да се случи, како што тоа беше пренесено.

– Но, исто така искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и сѐ уште е во чекалницата на Европската унија.






