(ВИДЕО) Чудните постапки на диктаторите: Путин влета меѓу обожуватели и ги бакнуваше жените
Аналитичарите сметаат дека во толпата, сепак, упаднал двојник на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.
A man who looks like Putin was rushed to Dagestan to imitate “popular support” after Prigozhin’s rebellion
The fearless double rushed into the crowd with everyone to hug. pic.twitter.com/wwADtCkVaI
— Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) June 28, 2023
Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи, Путин се ракуваше со толпата воодушевени граѓани, од кои некои дури се фотографираа со него. Згора на тоа, една госпоѓа меѓу насобраните граѓани толку го израдува претседателот на Руската Федерација што го бакна во чело за време на фотографирањето.
Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека репутацијата но и моќта на Путин е ослабена по бунтот од минатиот викенд, и веројатно сака да покаже дека сè уште е популарен кај својот народ. Очигледно, Дагестан е едно од местата каде што рускиот претседател реши да си го расипе имиџот.
Сепак, не се сите толку сигурни дека токму Путин влетал толку невнимателно во толпата и ги гушкал луѓето. Некои корисници на Твитер веруваат дека рускиот лидер никогаш не би ризикувал близок контакт со луѓе (или од страв од напад, или од страв од вирус – да се потсетиме на неговата целосна изолација за време на пандемијата на Ковид). Оттука, се шпекулира дека меѓу народот наводно упаднал двојник на, еден од неколкуте што според непотврдени гласини ги користи рускиот претседател.