(ВИДЕО) Што точно порача германскиот канцелар Шолц синоќа во Берлин

Централен момент од дводневната официјална посета на Ковачевски на Берлин беше заедничката прес-конференција со неговиот домаќин и колега, канцеларот на Германија, Олаф Шолц, која се одржа вчера доцна попладне.
Прес-конференцијата помина во знак на пораки за поддршка од Германија за евроинтегративниот пат на С Македонија и благодарност од македонската страна за ангажманот на Берлин во овој процес.
Сепак, еден детаљ од изјавата Шолц го предизвика вниманието на јавноста, како и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако мал, овој детаљ му даде правец на целиот наратив со кој настапува СДСМ, а од друга страна, се најде во фокусот на реакциите што доаѓаат од нејзиниот главен политички опонент.
Станува збор за одговор на Шолц на новинарско прашање поврзано со билатералните односи меѓу С Македонија и Бугарија и евентуално поставување нови услови, покрај внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Во тој контекст, германскиот канцелар Олаф Шолц беше прашан дали за него е прифатливо да се поставуваат нови услови со оглед дека за Македонија сè беше дефинирано минатата година во преговарачката рамка, особено околу стартот на преговорите.
Според симултаниот превод на македонски јазик за време на прес-конференцијата, Шолц на ова одговори:








