Багер прегазил жена на ул. “Јордан Мијалков” во Скопје
На булеварот „Јордан Мијалков“ пертпладнево се случи сообраќајна незгода, кога багер прегази жена
Жената починала на лице место.

Од МВР потврдуваат дека имаат пријава во 11 часот според која градежна машина удрило во пешак.
Багер усмрти жена на улицата Јордан Мијалков во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.
„Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата“, информира МВР за МИА.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје
На оваа улица во центарот на градот во моментов е активно градилиштето на „Лимак“ за изградба на комплексот „Дајмонд“.






