Во округ во Тексас заразени 85 бебиња под една година со Ковид-19

 Осумдесет и пет бебиња на возраст под една година се тестирани позитивно за новиот коронавирус во ист округ во Тексас, јави Си-Би-Ес. Локалните власти ги повикуваат жителите да помогнат во спречување на ширењето на заразата во момент кога државата станува едно од најновите жаришта.

Во округот Њуејсис , каде се наоѓа Корпус Кристи, бројот на нови случаи на коронавирус скокна во јули. Вирусот инфицираше десетици бебиња, а локалните власти ги повикуваат луѓето да носат маски и да почитуваат физичка дистанца.

– Во моментов имаме 85 бебиња под една година во округот Њуејсис, сите се позитивни за Ковид-19, изјави Анет Родригез, директор за јавно здравје на округот.

– Овие бебиња се уште не го прославиле својот прв роденден. Ве молиме, помогнете ни да спречиме  ширење на оваа болест.

– Округот има најбрз раст во нови случаи во просек од седум дена од кој било друг округот во државата , рече Питер Занони, градоначалник на Корпус Кристи.

Во Корпус Кристи има околу 8.100 случаи на коронавирус и 82 смртни случаи поврзани со вирусот.

Back to top button
Close