На КАРИЛ вечерва почина родилката, која се фрли од први спрат на скопска Гинекологија

Вечерва во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава „Фокус“.
Веста за Канал 5 ја потврдија членови на нејзиното семејство.
Фаталниот настан се случи на 2 јули околу 21:30 часот а 12 дена подоцна родилката почина.
Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде се бореа за нејзиниот живот.
Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.
Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска тогаш во изјава за медиумите рече дека родилката која се обидела да си го одземе животот со тоа што скокна од прозорец на првиот кат на болницата е во многу тешка здравствена состојба.
„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките.
Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија. Прво дете и е на 39-годишната жена“ рече пред десетина дена Јовановска.
Новороденчето(машко ) е земено од Гинеколошката клиника од страна на неговиот татко и тој се грижи за него.






