ВИДЕО: Има 101 година и сѐ уште го работи она што ја прави среќна
Џејн Барнс од САД има 101 година, па го споделува својот рецепт за долг и среќен работен век. Имено, таа четирипати неделно наутро се вози по 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за својата кратка смена во дуќанот каде што е вработена 26 години и тоа ѝ е еден од омилените начини да си го минува времето.