ВИДЕО:”Пламенот се крена и небото беше портокалово, во морето паѓаше пепел“: Британски турист од чамец за спасување раскажа како избегал од пожарот на Родос
Бегството од пожарот на Родос беше како од филм за „крајот на светот“, вели британски турист за Sky News. Делови од островот Родос горат веќе петти ден, а пожарот е излезен од контрола.
Κιοτάρι,ξενοδοχείο, 22/7/2023
(📽️1:08 Eirini Xartofulaka fb) #Ροδος #φωτια #Κιοτάρι pic.twitter.com/jQOeoE27nh— antonis kelaidonis (@antonkelaidon) July 22, 2023
Неколку локации на истокот од островот беа евакуирани, вклучително и три поморски одморалишта. Досега евакуиранинсе околу 30.000 луѓе.

Грчките власти подоцна издадоа нови предупредувања, вклучително и за Линдос, популарен туристички град познат по својот Акропол на врвот на ридот, кој датира од 200 година п.н.е.

Под тревога за евакуација се и источните градови Масари, Малонас, Чараки.
Иан Мурисон, од Лондон, престојувал во областа Киотари на Родос кога забележал темни облаци како минуваат над неговиот хотел додека тој вечерал во четвртокот навечер.
„Забележавме дека морето почна да поцрнува од саѓи и луѓето всушност излегуваа од морето забележувајќи дека им паѓа пепел на главите. „Можам да го опишам само како речиси филмско искуство каде што сите гледаат во небото бидејќи доби многу чудна портокалова боја и сите само гледаат наоколу и прашуваат „што се случува?“, изјави тој за Sky News од чамецот за спасување.
Тој објасни како неговото семејство пешачело по патот околу пет километри и успеало да пристигне до блиската плажа Генади.
„Беше буквално како крај на светот. Пламените јазици беа многу повидливи сега бидејќи секако беше ноќ и не можевме да го видиме дење. Наеднаш пламенот се крена кон небото и небото беше целосно портокалово во далечината – така што предизвика паника“.






