Отповикан македонскиот амбасадор во Јапонија, Горан Цеков
Северна Македонија го отповика својот амбасадор во Јапонија поради „незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата“.
„Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на ресорниот министер да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09)“информираа од Министертвото за надворешни работи.
Владата го прифатила предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпишал указот за отповикување
Медиуми пишуваат повикувајки се на извори во министерството за надворешни работи дека амбасадорот е вплеткан во секс скандал односно една вработена во амбаасадара со дипломатски статус и упте една вработена пријавиле дека амбасадорот сексуално ги напасвувал па министерот Османи и председателот Пендаровски донеле одлука да го разрешат и му дале една недела да се спалува и да се врати во Македонија.