Ќе му се суди на напаѓачот во терористичкиот напад пред Лувр во 2017 година

На 3 февруари 2007 година, 29-годишниот Египќанец, Абдалах Ел-Хамами, вооружен со мачета, во близина на музејот Лувр нападна група од четворица војници, при што тогаш  беше сериозно повреден во стомакот, додека еден војник беше полесно повреден во пределот на главата, јави дописникот на МИА.

Националното обвинителство за борба против тероризмот побара Ел-Хамами, кој моментно е во затвор,да му се суди пред Кривичен суд за „обид за атентат врз лица кои поседуваат јавни овластувања во врска со терористички потфат“ и „злосторничко терористичко здружување “. 

Осомничениот легално влегол во Франција како турист на 26 јануари 2017 година од Дубаи. Патувањето било подготвувано долго време: станот, платен за 1700 евра, бил резервиран преку Интернет во јуни, многу порано пред барањето за туристичка виза, поднесена кон крајот на октомври.

Сликите од видео надзорот, исто така, покажале дека тој на 29 јануари, пет дена пред нападот, веќе дошол во Карусел, а потоа и во музејот, каде што имал посета со водич. Во истрагата не било откриено никакво преземање на одговорноста за нападот, ниту изразување на верност кон џихадистичка група. Истражните органи , сепак, пронајдоа еден од неговите твитови со извадок од говорот на Абу Мохамед ал-Аднани, поранешен портпарол на организацијата Исламска држава, убиен при напад на анти-џихадистичката коалиција во Сирија. Од јануари 2015 година, Франција се соочи со досега невиден бран на џихадистички напади, во кои загинаа вкупно 258 лица.тг/ сд/

Back to top button
Close