Со возило удрил полицајци кои сакале да го приведат
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 31.07.2023 пред угостителски објект во Охрид, пријавениот со остар предмет му се заканувал на Н.М. од Охрид, информираат од полицијата.
Kога на местото пристигнале полициски службеници, обидувајќи се да побегне, со возило удрил двајца полициски службеници.