ГАРАНТЕН ЛИСТ

Тоа што високиот американски дипломат Габриел Ескобар повторно дојде да даде поддршка за ЕУ не е нешто неочекувано. Американците се повторно тука, како и по обичај, да пробаат да ја оправат работата што ЕУ ја закашка на Балканот. Не оти премногу нè сакаат. Туку да си ги заштитат сопствените интереси. Да си осигураат стабилност во југоисточна Европа. Сметаат дека за тоа им треба и стабилна и просперитетна Македонија, која веќе е стратешки партнер на САД. И во моментов, гледаат дека тоа може да ни го обезбеди само членството во ЕУ.

И ние така мислиме.

Од осамостојувањето досега, САД секогаш биле тука кога Европа ќе ја зафркнеше работата. Во 1993 заедно со Британците успеаја да нè внесат во ОН откако претходно тогашната Европска заедница со т. н. Лисабонска декларација одлучи никогаш да не признае држава која ќе го содржи зборот Македонија. Во 1995 насила го пробиваа грчкото ембарго со истовар на брод со американско жито за Македонија во Солунското пристаниште. Во 2001 ни го напишаа Рамковниот договор за да спречат конфликтот со ОНА да прерасне во голема и долга граѓанска војна. Во 2017 ни го напишаа Преспанскиот договор и веднаш потоа, како што ветија, нè внесоа во НАТО. И сега си викаат – Дај некако да ве внесеме и во ЕУ за да си имаме еден проблем помалку на јужното крило на НАТО.

Тие си го гледаат својот интерес. И сè додека нашиот интерес се поклопува со нивниот, тогаш сме ОК.

Ама на кого да му кажеш? На Христијан Мицкоски, сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ што умислува дека цел свет и цела Европа смислуваат заговор против неговата партија? Дека висок американски дипломат е спремен да запали авионот, да се спотера од Вашингтон, да потроши два дена од својата професионална кариера во Скопје само за да им направи ќеф на Димитар Ковачевски и Бујар Османи? Зошто? За да им прави тортура на пратениците на опозицијата.

Е тој Христијан Мицкоски веќе себеси се гледа како иден премиер.

Малку е расипано да викаш дека не прифаќаш промена на Устав под бугарски диктат, а не кажуваш дали воопшто ќе го смениш Уставот. И не може да викаш – ќе ви кажам, ама прво да победам на изборите.

Кажи ни Мицкоски пред избори, да  знаеме.  Ќе ги внесете Бугарите во Уставот или нема? Или, ако не го менувате Уставот под овие услови, под кои услови ќе го смените?

Ама тоа е Мицкоски и тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Се изначекавме седум години Мицкоски да каже нешто конкретно. Како за референдумот за промена на името. Ќе блокира, ќе вика „ова ние не го правиме“. А притоа, не кажува што ќе прави. Тие се против „сè“, а не кажуваат за што се „за“.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close