ВИЦОТЕКА

Бев на Стратешкиот форум во Блед и ја следев лидерската дебата за иднината на ЕУ, во која учествуваа премиерите на земјите од Западниот Балкан и премиерите на Хрватска и Бугарија.

Дебатата се претвори во вицотека. Сите раскажуваа вицови за проширувањето на ЕУ. Впрочем, сите вакви собири последниве години личат на натпревари во раскажување вицови во кои победува Еди Рама, ама и другите се трудат да изнудат смеа во публиката, особено откако најголем виц стана ветото на Бугарија со кое се блокира евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Виц раскажа и новиот премиер на Бугарија Николај Денков. Тој рече дека проширувањето на ЕУ не треба да се гледа само од геостратешки аспект како на географски регион на Европа, туку како збир на вредности.

Добар виц е кога бугарски премиер ќе ти раскажува за вредности. Вредност е кога не почитуваш право на самоопределување, на постоење народ и јазик. Вредност е кога не почитуваш постоење на малцинства во државата. Вредност е кога не почитуваш пресуди на Судот за заштита на човековите права во Стразбур.

Бугарија е и пример како во ЕУ се испорачува правда.  Крајно ефикасно. Криминалците сами делат правда на улица. Криминалците ги тепаат другите криминалци. И сите се среќни со резултатите. Така се обезбедува владеење на правото и пристап до правда.

Поради тие вредности Бугарија е во ЕУ. Не поради географија и геостратешки интереси на САД и големите европски земји.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close