ООН: Албанија од 1990 до 2020 ја напуштиле1,2 милиони жители

Според Дивизијата за население при Организацијата на Обединитетите Нации Албанија е меѓу земјите каде има силна миграција. Во извештајот на ООН се наведува дека Албанија во периодот 1999 – 2020 година ја напуштиле 1,2 милиони жители.

Најголема миграција на населението во Албанија се случила во периодот на транзиција од 1990 – 1995 година кога се иселиле 443 илјади албански државијани, додека пак во периодот на  немирите во Албанија 1997 година  односно во периодот 1997 – 2020 година земјата ја напуштиле 180 илјади, пренесува тиранскиот весник „Дита“.

Проценките на Дивизијата за население при ООН во Њујорк е дека во 2100 година, во Албанија поради силната миграција  на населението за која се вели дека ќе продолжи ќе има само 615 илјади жители.

 

К. М.

Back to top button
Close