Подољак го обвини Маск за убиство на деца
Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак по веста дека Илон Маск одлучил да спречи голем украински напад врз руската поморска флота, го обвини милијардерот за убиство на деца.
„Понекогаш грешката е многу повеќе од обична грешка“, Михајло Подољак порача на Твитер.
Со тоа што не дозволи украинските беспилотни летала да уништат дел од руската воена (!) флота преку попречување на Старлинк, Маск и дозволи на оваа флота да истрела ракети „Калибр“ кон украинските градови. Затоа страдаат цивили и деца, тоа е цена на коктел на незнаење и големо его. Сепак, сè уште останува прашањето, зошто некои луѓе се толку очајни да ги бранат воените злосторници и нивната желба да извршат убиство? И дали сега сфаќаат дека прават зло и поттикнуваат зло?, истакна Подољак.
Си-ен-ен, синоќа повикувајќи се на извадоци од новата биографија на Валтер Исаксон за ексцентричниот милијардер со наслов Илон Маск, објави дека тој минатата година тајно им наредил на своите инженери да ја затворат сателитската комуникациска мрежа Старлинк на неговата компанија во близина на брегот на Крим, за да се спречи таен украински напад врз руската поморска флота.
„Одлуката на Маск, која ги натера украинските власти да го молат повторно да ги вклучи сателитите, беше поттикната од стравот дека Русија на украинскиот напад на Крим ќе одговори со нуклеарно оружје, страв што беше поттикнат од разговорите на Маск со високи руски претставници“, наведува Исаксон во книгата што треба да биде објавена на 12 септември.
Маск на X дека потврди дека го саботирал големиот украински напад, но истакнува дека не го исклучил Старлинк, туку одбил да го вклучи.
Тој одговарајќи на објавата на X со наслов „ИЛОН СПРЕЧИ НУКЛЕАРНА ВОЈНА?“, Маск напиша: „Старлинк не беше активиран во наведените региони. СпејсХ (SpaceX) не деактивираше ништо“.
Тој тврди дека ги одбил украинските молби за вклучување на Старлинк.
– Имаше итно барање од државните тела да се активира Старлинк сè до Севастопол. Очигледната намера беше да се потопи поголемиот дел од руската флота. Ако се согласев на нивното барање, тогаш СпејсХ ќе беше експлицитен соучесник во голем воен чин и ескалација на судирот, напиша Маск.
Тој додаде дека „двете страни треба да се согласат на примирје“.
Откако Русија оневозможи добар дел од украинските комуникации, Маск донираше Старлинк на Киев. Системот набрзо стана клучен за украинската одбрана. Но, кога Украина почна да го користи Старлинк за офанзивни напади, Маск почна да ја доведува во прашање неговата одлука, се посочува во книгата.
„Како ми е во оваа војна?“ Маск го прашува Исаксон и додава дека „Старлинк не требаше да биде вклучен во војни. Таму е за луѓето да можат да гледаат Нетфликс и да се релаксираат и да се поврзат со училиште и да прават добри мирни работи, а не за напади со беспилотни летала“.