ФОТО: Момчето и змејот
Во Авганистан е обичај да се летаат хартиени змејови и да се ужива во нивниот лет како еден вид симбол на слободата.
Момче лета змеј во Фајзабад, во провинцијата Бадакшан – исто како во романот „Ловец на змејови“ на Калид Хосеини. Во Авганистан е обичај да се летаат хартиени змејови и да се ужива во нивниот лет како еден вид симбол на слободата. Во претходното владеење на талибанците до американската инвазија во 2001 година тоа беше забрането. Овој пат се чини дека не е. Инаку романот „Ловец на змејови“ беше адаптиран и за филмското платно во 2007 година од страна на американскиот режисер Марк Фостер. (ДВ)