Габер-Дамјановска: Измените на КЗ не треба да ги гледаме изолирано во однос на тоа што се случуваше претходниот период

За мене вистинското прашање е зошто толку години поминаа, а имавме толку малку завршници на сите оние дела кои беа покренати, дали од Специјалното јавно обвинителство или од регуларното обвинителство. Навистина тоа треба да се анализира, да се позанимаваат малку Судскиот совет, Советот на јавните обвинители околу постапките за она што се случуваше, рече Габер-Дамјановска

Измените на Кривичниот законик не треба да се гледаат изолирано во однос на случувањата во изминатиот период. Вистинското прашање е зошто се поминати толку многу години со малку завршници на покренатите дела од обвинителствата, изјави денеска директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска.

„Мислам дека не треба измените да ги гледаме изолирано во однос на тоа што се случуваше претходниот период. За мене вистинското прашање е зошто толку години поминаа, а имавме толку малку завршници на сите оние дела кои беа покренати, дали од Специјалното јавно обвинителство или од регуларното обвинителство. Навистина тоа треба да се анализира, да се позанимаваат малку Судскиот совет, Советот на јавните обвинители околу постапките за она што се случуваше. Во минатото имаше дури и амнестии, за да се испразнат затворите и нивната пренатрупаност. Пенетрецијарниот систем не може да ги покрие сите оние потреби кои реално ги има ако веќе сакаме сите да одат во затвор. Сите елементи прават некоја целина која што мора да се анализира објективно да се види што и како е“изјави Габер-Дамјановска одговарајќи на новинарско прашање по учеството на конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан“, која се одржа во Скопје.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, рече дека измените кои се однесуваат на конфискацијата на имотот се во добра насока.

„Во јавноста имаше различни видувања на КЗ, од страна на едни експерти беше кажано дека се во добра насока измените. Имаше и такви експерти, дел од правната фела коишто ги критикуваа измените. Во еден дел во конфискацијата на имотот мислам дека се во добра насока измените коишто гарантираат дека сето она што е стекнато нелегално ќе биде конфискувано и вратено кај граѓаните“изјави Тренчевска.

Таа дополни дека не е правник и оти Министерството за правда, Владата и дел од експертите кои ги поддржуваат измените кажуваат дека нема да дојде до застарување на делата туку, напротив, до поефикасно судство и ефикасност во работата на предметите коишто се дел и ќе бидат опфатени со измените на Кривичниот закон

Back to top button
Close