УЕФА: Рекордна потрошувачка на трансфери во сезоната 2022/23

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави денеска податоци за рекордна потрошувачка на пазарот на играчи.

Според извештајот на УЕФА, минатото лето европските клубови на нови играчи потрошиле повеќе пари од кога и да е, или, вкупно 7.2 милијарди евра.

Претходниот рекорд беше од летото 2019 година, кога вкупниот износ беше за три отсто помалку.

Податоците на УЕФА покажуваат дека младите играчи денес се повеќе популарни на трансфер пазарот во споредба со минатото.

Повеќе од половината трансфери ова лето се вложени во фудбалери помлади од 23 години, соопшти УЕФА.

Back to top button
Close