Каролина и Калиопи злоупотребени за измама

Поп-ѕвездата Каролина Гочева ги предупреди своите следбеници на социјалните мрежи дека е жртва на измама, односно дека е злоупотребен нејзиниот лик во лажна реклама, а се однесува на производ за подмладување на кожата.

Денес пак, со вакво предупредување за своите фанови се јави поп-ѕвездата Калиопи.

„Би сакале да Ве информираме дека интервјуто и рекламата за извесни капки за подобрување на слухот, кое изминативе денови кружи на интернет, во кои Калиопи е претставена како промотер и корисник на истите е – ЛАЖНО И ИЗМИСЛЕНО!“, напиша нејзиниот менаџмент тим и додадоа дека „бидејќи е злоупотребено името на Калиопи, сакаме по пат на јавно известување да упатиме апел да не потпаднете под влијание на овие дезинформации“.

Претходно и неколку македонски лекари предупредија дека се злупотребува нивното име за реклами кои нудат разни лекарства.

Back to top button
Close