Шукова: И ХЕЦ „Тиквеш“, заедно со ХЕЦ „Чебрен“ ќе дадеме да го оперира концесионерот
По изградбата на ХЕЦ „Чебрен, Македонија же добива 33 отсто од влогот, а 67 отсто одат за концесионерот, појасни денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, по самитот за Сина економија. Исто така, поради близината и, всушност, затоа што се изградени на иста река, покрај ХЕЦ „Чебрен“, државата ќе го даде на грчкиот концесионер и ХЕЦ „Тиквеш“.
– Државата по изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, ќе го даде за уделот којшто го има, преку хидроелектраната „Тиквеш“, којашто е постојна во државата и којашто ќе се поврзе на хидроелектраната „Чебрен“. Тоа е вогот на државата, не е влогот во пари. ХЕЦ „Тиквеш“ го даваме на ХЕЦ „Чебрен“ и да го оперира како еден систем, а грчката компанија, понудувачот, треба прво да обезбеди дозвола за вода, според Законот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија. Самата ќе инвестира средства – рече Шукова.
Појасни дека во влогови од 100 проценти, 67 отсто отпаѓаат на инвеститорот, а 33 отсто на државата.
– И утре кога ќе се исплаќа дивиденда, државата ќе земе 33 отсто, 67 се на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата целиот комплекс, сѐ она што ќе биде изградено, останува на државата – вели Шукова, која е убедена дека „ни требаше инвеститор во системот на производство на електрична енергија од обновливи извори“.
Таа вели дека затоа што концесиноерот е грчка компанија, Македонија ќе има можност да се врзе во енергетскиот систем преку Грција, „а таа е понатаму врзана со сите токови, фактички, на електриќна енергија коишто можат да го опслужуваат регионот“.
– Она што е битно за нас, е кога ќе се склучува концесискиот договор ќе ни биде битно, предимство за користење на електрична енергија да има државата, потребите на државата, секако по пазарна цена, а потоа да може да се дава на други потрошувачи – вели Шукова.