Капчан: Нападот на Косово не е спонтан. Може да е домашна група со поддршка однадвор, не нужно од владата…

Очигледно не беше спонтан напад, изјави за Радио Слободна Европа Чарлс Капчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на САД во администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама.

Косовската полиција соопшти дека еден полицаец е одговорен за нападот на триесетина добро вооружени лица во Бањска ноќта меѓу саботата и неделата. Во акцијата на полицијата убиени се тројца напаѓачи, а шестмина се уапсени. Приштина го обвинува Белград за вмешаност, а Белград го негира.

„Се чини дека ова е добро организирана акција, поради што е поопасна, бидејќи сугерира дека на терен има групи кои се заинтересирани да предизвикаат насилство и се подготвени да се организираат и да најдат оружје што ќе им овозможи тоа да го направат“, смета Капчан.

Тој не сака да ризикува и да погодува кој стои зад напаѓачите.

„Тоа може да биде домашна група со поддршка однадвор, но не нужно од владата. Нивната цел? Да се поттикне неволја, повеќе насилство, да се подигнат тензиите за да се направи недостижна соработката на инволвираните страни за да се постигне траен мир “, вели Капчан.

Се поставува прашањето како напаѓачите дошле до вакво модерно оружје?

Повеќе

Back to top button
Close