Георгиев: Оценската мисија на ЕУ е завршена, извештајот ќе биде транспратентно објавен
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев денеска изјави дека дека оценската мисија на Европската унија за работата на советот е завршена и веднаш по објавувањето на извештајот ќе биде претставен пред медиумите.
– Заврши оценската мисија, имавме неколку состаноци, каде имавме дискусија по однос на прашања во областа на законските одредби од Законот за судски совет и Законот за судовите. Очекуваме извештај кој што ќе биде транспарентно објавен и во догледно време ќе го разгледуваме заедно пред медиумите – рече денеска Георгиев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија