УХМР: Утре во западните делови локален дожд

Утре во западните делови ќе има локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 16, а максималната ќе биде од 18 до 30 степени.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close