Дуан „Кефе Д“ Дејвис е обвинет за убиството на славниот рапер Тупак Шакур

Дејвис, поранешен член Дуан „Кефе Д“ Дејвис е обвинет за убиството на славниот рапер Тупак Шакур, што се случи во 1996 година во близина на Лас Вегас Стрип. Дејвис, поранешен член на банда, кој претходно беше сослушан како сведок на убиството, вчера е уапсен од полицијата во Лас Вегас, што е прв напредок во расчистување на случајот стар 27 години.

На судското рочиште, главниот заменик окружен обвинител Марк Ди Џакомо рече дека полицијата со децении ги истражувала можностите за вмешаноста на Дејвис во убиството, но немала прифатливи докази за да го уапси се додека не почнал да дава интервјуа и да пишува за инцидентот пред неколку години.

Тупак беше застрелан во пукање меѓу две возила во септември 1996 година, а почина од раните во болница една недела по пукањето

Back to top button
Close