Јерговиќ: Државните граници се работа на војската и на полицијата, а не на книжевноста

„Југославија како држава не постои, постои културен и книжевен простор. Тоа е простор од јужнословенски јазици, простор од Словенија до Црно море кој всушнот не е зависен од тоа дали постои оваа или онаа држава, туку тоа е едноставно некој заеднички или доста близок културен и книжевен простор“ рече Миљенко Јерговиќ е еден од најпознатите писатели од поранешните ју простори во интервју за „Трн“.

Тој додаде дека тоа е простор на блиски и заеднички историски и културно искуства, тоа е простор на слични менталитети , тоа е простор на слични несреќи и тоа е простор на слични луѓе.

„Таа блискост и таа сличност за културата на овие земји е многу важна за нивната книжевност. Државните граници се работа на војската и на полицијата, а не на книжевноста“ рече Јерговиќ.

Писателот во интервјуто додава дека во културна и книжевна смисла Југославија оставиле трајна последица и е голема културна тема, односно низа на големи културни теми.

 

Back to top button
Close