(ВИДЕО) Една жена загина, а над десет лица се повредени во ракетниот напад на ХАМАС врз јужниот дел на Израел
ХАМАС ја презема одговорноста за ракетниот напад кој рано утринава се одвиваше во јужниот и централниот дел на Израел. Ракетите биле испратени од појасот Газа, а покрај ракети, медиумите јавуваат дека вооружени лица се инфилтрирале на територијата на Израел
BREAKING:
Israel is heavily bombed tonight, there are many dead and fights in the cities
“Hamas” carried out a combined attack on Israel, deceiving the famous PVO, “Iron Dome”, rockets are falling all over the territory of Israel, in all cities, there are dozens of critically… pic.twitter.com/MbH7WuxihB
— Megatron (@Megatron_ron) October 7, 2023
Високиот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф го најави почетокот на нападот на медиумите кои се поврзани со оваа организација, повикувајќи ги сите Палестинци да земат оружје и да се борат, пренесува Ројтерс. Тој изјавил и дека ова ќе биде денот на најголемата борба и последен ден од окупацијата на Палестина.
Во меѓувреме, израелската војска прогласи воена состојба, а високи воени претставници изјавија дека Хамас ќе се соочи со последиците за случувањата. На населението кое живее во нападнатите региони им е наредено да останат во своите домови, а поради големиот број испукани ракети, отворени се и скривници.
„Израелската војска објавува воена состојба. Дојде до широко распространување на ракетен оган врз израелска територија од Газа, а терористите се инфилтрирале на територијата на Израел на неколку влезни места. Израелските граѓани на југот и централниот дел од земјата треба да останат во безбедни простори“се вели во соопштението на израелската војска.
Како резултат на нападите загина една жена, а повредени се 16 лица од кои две лица се во критична состојба. Во градот Тел Авив, според израелските медиуми, директно била погодена станбена зграда, а во градот биле запалени и десетици возила. Вооружените напаѓачи отвориле оган и во градот Сдерот на југот на Израел, каде во моментот се водат улични битки помеѓу израелските војници и припадници на ХАМАС.






