Силјановска: Ливчињата на кои е чкртната Северна, а е гласано за една партија да се уважат

Говорот на Апасиев не ниту фашизам, ниту нацизам, туку метафора. Пазете, кај него, кај академик Ќулавкова а едно време и во Ванковска пронајдоа националисти кои шират говор на омраза.

Идната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламентерен состав, Гордана Силјановска укажува дека е реално да се очекува и ВМРО-ДПМНЕ да влезе во битката за составување парламентарно мнозинство.

„Сега се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ добро постапи со тоа што и покрај победата на изборите во 2016-та не формираше Влада, затоа што не прифати отстапки. Нашиот Устав вели, дека мандатот го добива оној што ќе собере 61 пратеник а јас се надевам дека Претседателот ќе го побара тоа, за да не влеземе како тогаш во една истоштувачка и неизвесна игра. По изјавата на Левица дека нема да влезе во Влада, но дека нема да поддржи Влада на СДСМ, можеби веќе во стартот, ако ВМРО-ДПМНЕ добие поддршка од тие двајца пратеници, „трчањето“ кон целта ќе биде со еднакви шанси – изјави Силјановска.

Во интервју за ТВ Алфа, идната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ,Гордана Силјановска очекува Управниот суд да ја уважи тужбата во која се бара да се признаа за важечки ливчињата во кои е чкртаната Северна а било гласано за една партија.

„Јас одговорно тврдам дека сите што го пречкртале Северна, но јасно ја изразиле волјата заокружувајќи една партија, треба да се смета како важечки глас. Според изборникот законик, кога се утврдува важноста на гласот се тргнува од можноста за слободно изразување на волјата, дури човек може да рече, дека во овој случај, со таквиот чин, не само што се потврдува туку и се зајакнува волјата, бидејќи гласа против партија која била против Северна. Очекувам Управниот суд да ги селектира и провери вакви ливчиња, а сигурно има, оти ако имате над 30 илјади неважечки ливчиња, тоа се многу мандати –вели Силјановска.

Back to top button
Close