Владиката Григориј на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ: Само смртта може да го раздвои Македонецот од името ВМРО

Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј бил гостин на партиската прослава на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за 33 години од основањето на општинскиот комитет во Куманово, објави 360степени.

Тој зборувал од говорница пред присутните членови на партијата во пресрет на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога е формирана ВМРО.

Од фотографиите може да се заклучи дека г. Григориј е единствен верски претставник на овој настан.

Во дел од говор објавен на социјалните мрежи, тој зборува за ВМРО како код на Македонецот. Или, како што вели, само смртта може да го раздвои името ВМРО од Македонецот.

„Парадигма е ВМРО, бидејќи е аксиолошки постулат. Не постои дериватив, туку извор на постоење, егзистенција. ВМРО за Македонецот е неизмерлив категорички императив, неодвоив од себе. Не постои како хемиски процес, ниту научен досега постигнат метод. Освен смртта. Смртта е единствениот егзистенцијален факт кој може да го раздвои од срцето, од душата на Македонецот името ВМРО“, порачува г. Григориј.

Back to top button
Close