Заменик-директорот на „МАЛМЕД“ одговара на прашања на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, заменик – директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Бекироски денеска одговара на прашања на членовите на Комисијата.

Бекироски кажа дека од јануари 2019 до денеска е актуелен заменик – директор на Агенцијата за лекови и медицински средства, а од август 2017 до октомври 2018, бил директор на оваа агенција.

– Уште од моето доаѓање во Агенцијата за лекови и медицински средства, јас лично иницирав да се формира електронски систем, каде што може електронски да се вршат регистрациите на одобренијата на сите лекови и медицински средства. Сите лекови што ги има на пазарот во нашата држава, вклучувајќи ги и биолошките лекови, се 3.920 регистрирани на пазарот во нашата држава. Ние немаме можност да направиме селекција согласно нашиот систем, бидејќи во моментот, истиот е уште во имплементација и така натаму, да ги делиме биолошките лекови. Во делот на прашањето за веледрогериите, има многу, тоа се некаде околу 487 што редовно, секојдневно поднесуваат увоз врз основа на решението добиено за регистрација од Агенцијата за лекови. Зборувам за регистрираните лекови. Имаме можност да дадеме и увоз на нерегистрирани лекови, согласно Законот за лекови. Ние секојдневно имаме барање за увоз и на регистрирани и на нерегистрирани лекови, појасни Бекироски, одговарајќи на прашања.

Но, тој истакна дека во овој случај, за што е свикана Анкетната комисија, како што додаде, „МАЛМЕД“ не е надлежен, односно увозникот, веледрогеријата, не треба да поднесе барање каде треба да се достави, дали тендерска документација или слично, за да прикаже за која клиника.

Одлука за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести. 

Back to top button
Close