По вторпат за една година опериран Зоки Фаци:Канцерот е сериозен противник!

Новинарот и ТВ водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, вчера бил опериран во Државна болница, на Одделот за реконструктивна хирургија. Денес, за ,,Фокус” вели дека се чувствува добро, и раскажува детали за неговата борба со канцерот, со цел да ја подигне јавната свест за значењето на редовните лекарски контроли, но и да им даде поддршка на сите кои минуваат низ тежок период, водејќи битка со подмолната болест.

Ова беше една година полна со искушенија, кога многупати си го поставив прашањето – Зошто? Си го поставив и прашањето – Зошто баш јас? Одговорот кој сам ми доаѓаше во мислите беше – А зошто да не? Канцерот не избира возраст, не избира време, секој од нас може да се најде на удар на оваа болест. Мојата битка започна сосема случајно, пред една година. Додека работев во двор ја повредив ногата, забележав дека на местото ми се појави некој израсток, како топче. Не поминуваше, па отидов кај матичниот лекар. Добив препорака кои медицински препарати да ги користам, но немаше ефект. Продолжија моите посети на лекар, и на крај се испостави дека имам агресивен вид на канцер, а операцијата беше веднаш закажана.Токму тие лекарски прегледи мислам дека ми го спасија животот. Да не отидев на време, да не го сфатев сериозно израстокот на ногата, како што многумина од нас најчесто не придаваат значење на промените на телото, не знам дали денес ќе бев жив – раскажува Василевски

Back to top button
Close