Бројот на уапсените за време на контрапротестите во Лондон се искачи на 126 лица

Бројот на лица уапсени од полицијата на вчерашните контрапротести во Лондон се искачи на 126, соопштија властите во британската престолнина.
Претходно вчера полицијата соопшти дека привела 82 учесници на контрапротестот против пропалестинскиот марш за жртвите во Појасот Газа.
Според податоците на полицијата, на главните демонстрации учествувале околу 300.000 луѓе, додека според организаторите биле близу 800.000.
Според полициските информации, меѓу екстремно десничарските учесници на контрапротестот, кои се собрале да го одбележат Денот на примирјето – годишнина од крајот на Првата светска војна, имало значителен број фудбалски поддржувачи. Тие се судрија со органите на редот во близина на воениот споменик Кенотаф. с






