Пукање на Универзитетот во центарот на Прага, има мртви и ранети
Чешката полиција соопшти дека имало убиени и ранети во пукотница во близина на Универзитетот во центарот на Прага.

Извештаите сугерираат дека инцидентот се случил на Филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс, кој се наоѓа на плоштадот Јан Палах.
Надлежните соопштија дека е затворен целиот плоштад и околината.
Полицијата соопшти дека инцидентот е во тек и ги повика граѓаните да се држат настрана од местото на настанот и да останат во затворени простории, пишува Би-би-си






