На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски
На 27 ноември треба да започне судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид.
На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Обвинението за противправно лишување од слобода се однесува на настанот во автомобилот, кога Сара барала да ја пушти да излезе, но обвинетиот одбил и продолжил да вози со голема брзина.
Во меѓувреме, Сара е пуштена од болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но продолжува со испитувања на клиника во Скопје за да се утврди нејзината целосна здравствена состојба. Според првичните информации од болницата, таа имала повеќе повреди, хематоми и модринки.






