Гладков: Две деца загинаа во украинско гранатирање на Белгород

Најмалку две деца загинаа, а неколку луѓе се повредени во украинско гранатирање на центарот на рускиот град Белгород, изјави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
– Вооружените сили на Украина го гранатираа центарот на Белгород. Според прелиминарните информации, има две мртви деца и повредени, напиша тој на Телеграм.
Покрај тоа, неколку гранати го погодиле и станбениот дел на Белгород, прецизира гувернерот и најави дека подоцна ќе објави повеќе детали.
Претходно денеска едно дете загина во украинско гранатирање на руската област Брјанск, објави регионалниот гувернер Александар Богомаз на својот канал Телеграм. Тој прецизираше дека детето кое починало е родено во 2014 година. Според гувернерот на регионот, вооружените сили на Украина истрелале повеќе од 10 гранати кон цивилни цели. ј






