Приведен вработен во штипската пожарна, пронајдени дрога и пиштол

На 30.12.2023 околу 19.15 часот во Територијалната противпожарна Единица штип, каде што е вработен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода М.С.(41) од Штип. При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол „Пјетро Берета“ со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close