Интензивни борби во Газа и покрај најавите за намалување на обемот на операциите

Израел денеска ги засили нападите врз јужниот и централниот дел на Газа и покрај најавите дека ќе повлече дел од својата армија и ќе започне кампања со попрецизни цели и повиците од САД за поголема заштита на цивилите.

Израел оваа недела најави дека планира да повлече дел од војниците, барем од северниот дел на Појасот Газа, по неколкунеделен притисок на САД да го намали обемот на операциите и да премине кон попрецизна кампања.

Но, борбите изгледаат поинтензивни од кога било, особено во јужниот и централниот дел на енклавата каде израелските сили започнаа копнена офанзива минатиот месец

Back to top button
Close