Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, се исмевал Господ

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина“,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

„Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд“,се вели во строгата реакција на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

Вчерашната манифестација воедно е и најтажната досега, бидејќи беше во сенка на загинувањето на синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски во сообраќајна несреќа. Поради немилиот настан, беше откажана забавната програма на карневалот.

Back to top button
Close