(ВИДЕО) Трамп снимен како тешко оди и се тетераво: противниците велат дека не е за кандидатура

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е снимен во вознемирувачко издание, едвај оди и се тетерави.

Дел од американските републиканци се собраа во групата „Републиканците против Доналд Трамп“, а се доста активни на социјалните мрежи и коментираа дека е крајно време за помлади луѓе во американската политика.

„Тоа што го оставија овој стар и слаб човек да се кандидира за претседател е чиста злоупотреба на старци“, велат во описот на видеото објавено на „Х“.

Се нарекуваат себеси „продемократски конзервативни републиканци кои се борат против Трамп и „Трампизмот“, а на истоимениот профил што го лансираа на „Х“, „Републиканците против Трамп“ споделуваат содржини во кои се обидуваат да објаснат на јавноста зошто не би било добро Трамп уште еднаш да се кандидира на изборите пред Републиканската партија.

Back to top button
Close