Словачкото Министерство за култура ќе го намали финансирањето на проекти поврзани со ЛГБТ плус популацијата
Словачката министерка за култура Мартина Шимковичова најави дека Министерството ќе го намали бројот на настани и образовни проекти поврзани со активностите за промовирање на ЛГБТ плус темите.
– ЛГБТИ плус организациите … повеќе нема да паразитираат со пари од Министерството за култура. Тоа секако нема да го дозволам под мое раководство, напиша Шимковичова на Фејсбук.
Таа додаде дека „ја отфрла прогресивната нормализација“ и дека нејзината основна идеја за идната работа на ресорот е „враќање во нормала“.