(Видео) Пендаровски-Курти: Од голема важност за стабилноста на Западен Балкан е решенија на отворените прашања да се изнајдат преку дијалог
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Приштина се сретна со косовскиот премиер Албин Курти.
![]()
На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави, при што беше оценето дека двете држави одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, со отворен дијалог на сите нивоа и беше изразен интерес за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.
На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи го дијалогот Белград – Приштина. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека во услови на мултиплицирани кризи и безбедносни предизвици на глобално ниво, од голема важност за стабилноста на Западен Балкан е изнаоѓањето на решенија на отворените прашања преку дијалог и меѓусебно разбирање.
Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово, посочувајќи дека како членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и дава активен придонес во поддршката на мирот во Косово преку учеството во мисијата КФОР.
Тој претходно се сретна и со косовската претседателка Вјоса Османи.






